Дома Фудбал Лига на шампиони Холанѓанец ќе им суди на Баерн и Реал

Холанѓанец ќе им суди на Баерн и Реал

Честа да го суди првиот дуел помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ, ја доби холандскиот арбитар Бјорн Кујперс, потврди денес УЕФА.

Кјуперс го судеше финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Атлетико во 2014 година во Лисабон, кога „кралевите“ ја освоија 10-та титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа сезона Холанѓанецот му судеше на Реал Мадрид во групната фаза против Борусија Дортмунд, а на Баерн Минхен му има судено три пати во кариерата.

Вториот полуфинален натпревар помеѓу Ливерпул и Рома ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пикси пред враќање на тренерската работа, ова може да биде негов нов клуб!

Српскиот стратег Драган Стојковиќ Пикси би можел да се врати на тренерската позиција некол…