Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Холандија во финишот го „скрши“ отпорот на Сенегал🎥

Холандија во финишот го „скрши“ отпорот на Сенегал🎥

Холандската репрезентација дури во финишот го скрши отпорот на Сенегал и запиша важна победа од 2:0.

Херој за „лалињата“ беше Коди Гакпо, новата холандска ѕвезда кој го постигна првиот гол во 84-та минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во првиот дел Холандија ја имаше играта, создаваше шанси, но не успеа да постигне гол. Сенегал спорадично се закануваше главно преку контранапади.

Во вториот дел Ван Гал фрли се на една карта, во игра го стави и Депај, но Холандија поведе дури во последните минути со првиот удар во рамките на голот.

Во судиското продолжение после еден контранапад Класен ги постави конечните 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Maкедонскиот Престон Лајонс ќе игра против Вардар и Пелистер во Македонија!

Австралискиот фудбалски клуб предводен од Македонци, Престон Лајонс, ја најави својата прв…