Дома Фудбал Лига на шампиони Хидинк обвинува: Мислам дека мечот Челзи – Барселона беше наместен!

Хидинк обвинува: Мислам дека мечот Челзи – Барселона беше наместен!

Легендарниот холандски тренер, Гус Хидинк упати сериозни обвинувања и тврди дека мечот помеѓу Челзи и Барселона во Лигата на шампиони во 2009 година бил наместен.

Челзи до самиот финиш имаше резултат 1-0 кој го водеше во финале, но во продолжението Иниеста постигна гол и ги одведе Каталонците во финале.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Судијата од Норвешка Том Хенинг Овребо тешко го оштети Челзи, тој не досуди три пенали на „сините“ кои тогаш ги предводеше Гус Хидинк.

„Тоа беше најлошото судење што некогаш сум го видел. Судијата ме изненади бидејќи во минатото имаше одлични мечеви“, истакна Хидинк.

„Тоа е единствениот случај за кој мислам дека натпреварот беше наместен. Манчестер Јунајтед веќе беше во финалето. УЕФА не сакаше да има исто финале како и сезоната претходно. Немам докази но се тоа е многу, многу сомнително. Уште сул лут“, заклучи Хидинк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан се пофали со важен потпис

Белгискиот фудбалер Алексис Салемакерс потпиша нов договор со Милан до 30 јуни 2031 година…