Дома Фудбал Германија Хејнкес: Ќе бидам искрен, тешко ќе ја стигнеме Борусија Дортмунд

Хејнкес: Ќе бидам искрен, тешко ќе ја стигнеме Борусија Дортмунд

Повратникот на клупата на Баерн, Јуп Хејнкес изјави дека имал понуди од многу клубови кои ги одбил, но не можел да ги одбие Баварците.

Искусниот тренер се врати од пензија, после четири и пол години, и повторно седна на клупата на баварскиот гигант.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Имав неколку понуди од најголемите европски клубови и сите ги одбив. Ова не е мое враќање во фудбалот, туку краткорочна помош“, изјави 72-годишниот тренер.

Анчелоти е голем господин и одличен тренер, па се што ќе кажам на сметка на тимот не е упатено за него. Морам да ја анализирам ситуацијата, без оглед колку е таа тешка верувам дека ќе го покажеме вистинското лице. Поради тоа мора да постои хиреархија во соблекувалната. Играчите се професионалци и треба да им се врати самодовербата“, додаде Хејнкес кој сепак признава дека ќе биде тешко да ги стигнат „милионерите“.

„Ќе бидам реален, тешко дека можеме да ги стигнеме. Дорусија игра фантастично, меѓутоа нашиот тим има класа, а целта е таа класа да исплива на површина“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп: Ова во Америка е нешто најлошо

Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, а тековно начелник на оддел…