Дома Фудбал Останато Хет трик на Силва, Милан со „петарда“ ја прегази Австрија за одличен старт во Лига Европа

Хет трик на Силва, Милан со „петарда“ ја прегази Австрија за одличен старт во Лига Европа

Милан се враќа на стариот славен дискурс. Италијанскиот фудбалски гигант со убедлива победа над Австрија во Виена на најдобар можен начин ја започна групната фаза во фудбалската Лига Европа.

Во натпреварот од 1.коло одигран синоќа во Виена, Милан буквално го прегази тимот на Австрија со 5-1. Андре Силва забележа „хет-трик“ постигнувајќи три гола за Милан, за кој во листата на стрелци се запишаа и Хакан Чанханоглу и Сусо, додека голот за домаќините го постигна Александар Борковиќ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Од останатите средби кои се играа во рамките на првото коло на Лига Европа би требало да се издвои поразот на Евертон на гостувањето кај Аталанта, како и нерешениот резултат на Олимпик Лион во Лимасол против Аполон.

Постигнати резултати во 1.коло во Лига Европа:

А група: Славија Прага – Макаби Тел Авив 1-0 и Виљареал – Астана 3-1.

B група: Динамо Киев – Скендербег 3-1 и Јанг Бојс – Партизан 1-1.

C група: Хофенхајм – Брага 1-2 и Басакшехир – Лудогорец 0-0.

D група: Австрија Виена – Милан 1-5 и Риека – АЕК 1-2

Е група: Аполон Лимасол – Олимпик Лион 1-1 и Аталанта – Евертон 3-0.

F група: Копенхаген – Локомотив Москва 0-0 и Злин – Шериф 0-0.

G група: FC FCSB – Викторија Плзен 3-0, Хапоел – Лугано 2-1

H група: Црвена Ѕвезда – БАТЕ Борисов 1-1, Арсенал – Келн 3-1

I група: Марсеј – Конјаспор 1-0, Виториа де Гимараеш – Салцбург 1-1

Ј Група: Херта – Атлетик Билбао 0-0, Зорја – Естерсундс 0-2

К група: Витесе – Лацио 2-3, Зулте Варегем – Ница 1-5

L група: Вардар – Зенит 0-5, Реал Сосиедад – Розенборг 4-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот има за што да биде среќен: Ливерпул ангажира ѕвезда на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој из…