Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Атлетико искрен: Славев на клупа затоа што таму поминувам повеќе време

Херојот на Атлетико искрен: Славев на клупа затоа што таму поминувам повеќе време

Maдритски Атлетико со голот на Хектор Ерера во 90-тата минута вчера успеа да извлече бод во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Јувентус.

Натпреварот на крајот заврши 2:2, а мексиканскиот играч за врска после натпреварот и голот за еден бод испрати порака до Диего Симеоне.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите го прашаа зошто го прослави голот со соиграчите на клупата за резерви, а Ерера имаше јасен одговор.

„Го славев голот на клупата затоа што таму поминувам повеќе време“, изјави Ерера.

И навистина е така. Во четири кола од Ла Лига Мексиканецот од Симеоне не доби ниту една минута на теренот, а вчера доби 15-тина минути пред крајот.

На Симеоне внесувањето во игра на Ерера му се исплатеше и ќе видиме дали во наредниот период ќе се реши повеќе да го користи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Викарио во дербито бранел со скршен зглоб, Манчестер сити и така не постигна гол

Викендов во Премиер лигата се играше дербито помеѓу Тотенхем и Манчестер сити кое заврши с…