Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенеси го критикуваше тренерот Томас Тухел поради изјавите во врска со трансфер политиката на клубот.
Хенес е се уште еден од највлијателните луѓе во клубот и јавно испрати порака до тренерот Тухел да внимава на неговите изјави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некои, вклучително и тренерот, даваа непромислени изјави дека тимот е „тенок“ и тоа дава лоша слика. Ако гледате што имаме на клупа секој викенд, тоа се само репрезентативци, тогаш јасно е немаме тенок тим“, изјави Хенес.
„Таквите коментари, дадени од тренерот Тухел, не се многу мудри. Искрено, не ми се допаѓа кога тренерот излегува во јавноста и кажува дека нашата екипа е „тенка“ на неколку позиции“, додаде Хенес.