Дома Фудбал Останато Хауард Веб призна грешка од 2009 година: Се молев Роналдо да го промаши тој пенал (ВИДЕО)

Хауард Веб призна грешка од 2009 година: Се молев Роналдо да го промаши тој пенал (ВИДЕО)

Познатите фудбалски судии ретко ги признаваат своите грешки и не сакаат зборуваат за нив, но поранешниот судија Хауард Веб кој додека судеше важеше за еден од најдобрите призна една негова грешка.

Хауард Веб призна дека во 2009 година во 34. коло во натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем на „Олд Трафорд“ погрешил кога покажал на белата точка за „црвените ѓаволи“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед тогаш водеше борба со Ливерпул за титулата и ситуацијата можеше да им се искомплицира затоа што „петлите“ на полувремето имаа водство од 0:2.

На почетокот на вториот дел Јунајтед добил пенал откако Керик падна во шеснаесетникот и така започна пресвртот и натпреварот на крај заврши со победа од 5:2 за Манчестер Јунајтед. Веб 11 години подоцна призна дека сакал Роналдо да го промаши пеналот.

„Видов дека Керик прв дојде до топката, а потоа голманот го допре. Во прв момент тоа изгледаше како лесен пенал за судење. Очекував да има стандардни протести, но само го видов огорчениот и разочаран поглед на Гомес. Тогаш сфатиф дека погрешив. Доцна беше да ја променам одлуката, не знаев каде згрешив, но знаев дека нешто не е добро. Се молев Роналдо да го промаши пеналот, но тоа не се случи“, раскажа Веб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…