Дома Фудбал Лига на шампиони Хари Кејн на полувремето одржал говор во соблекуваланта на Тотенхем

Хари Кејн на полувремето одржал говор во соблекуваланта на Тотенхем

Десниот бек на Тотенхем, Киран Трипие откри што најдобро ги мотивирало него и согирачите на полувремето од синоќешниот натпревар.

„Петлите“ на полувремето имаа негативен резултат од 2:0, но сепак успеаа да направат пресврт и со 3:2 да се пласираат во големото финале. Трипие вели дека во соблекувалната на Тотенхем влегол повредениот Кејн кој ги мотивирал своите соиграчи да одиграат далеку подобро второ полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На полувремето влезе во соблекувалната и лудуваше на нас говорејќи дека можеме да играме подобро. Тоа го знаевме сите, но ни беше потребно неговото водство во тој момент. Знаевме што ќе се случи кога влезе во соблекувалната, бидејќи не беше среќен. Не поддигна и неговото присуство е од огромно значење за нас“, изјави Трипие.

Инаку, Тотенхем во финалето ќе игра против Ливерпул на 1. јуни во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказн…