Дома Фудбал Хаос во Барселона: Соблекувалната се сврте против Валверде

Хаос во Барселона: Соблекувалната се сврте против Валверде

0

Поради слабиот старт на новата сезона на Каталонците се повеќе се зголемува притисокот врз тренерот Ернесто Валверде.

Според весникот „АС“ Валверде се наоѓа пред отказ и раководството веќе му дало ултиматум.

Имено, тој мора да победи на следните два натпревари во лигата, па доколку загуби бодови ќе добие отказ. Наведените натпревари кои можат да му пресудат се пресметките дома со Виљареал и на гости кај Гетафе.

Притоа, Каталонски „Спорт“ утрово објави дека Валверде ја изгубил поддршката од големиот дел од играчите, кои очигледно сакаат промена и нов тренер, исто како и навивачите.

Но, на спротивната страна, Валвердер има доверба кај управата. Зад него стои првиот човек на клубот Жозеп Мариа Баромеу.

Сепак, доколку не освои шест бода во наредните два меча, би можел да добие отказ од „Камп Ноу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати финалистите за наградата „Златно момче“

Секоја година традиционално се доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот млад играч …