Дома Фудбал Англија Хамес уште на дебито покажа дека ќе биде големо засилување за Евертон ?

Хамес уште на дебито покажа дека ќе биде големо засилување за Евертон ?

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез вчера дебитираше во дресот на Евертон. Клубот од Ливерпул славеше против Тотенхем со резултат 0:1.

Некогаш големата надеж на европскиот фудбал ова лето на барање на Карло Анчелоти го засили Евертон и уште на почетокот покажа дека се уште може да игра највисоко ниво.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Иако ова му беше прв натпревар после долго време, Хамес покажа дека се уште не заборавил да игра фудбал. Универзалниот играч за врска одигра одличен натпревар против Тотенхем, а за квалитетот на неговата игра покажува и учинокот кој го имаше во натпреварот.

Родригез помеѓу останатото имаше пет клучни додавања, 74 допири со топка, два дриблинзи и 11 долги топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Тонали и Фаџоли повторно под истрага поради нелегално обложување

Италијанските медиуми, меѓу првите „Кориере дела Сера“, донесоа неверојатни вести – …