Eрлинг Халанд даде интервју за „Телеграф“ во кое се опиша себеси како „зомби“ во кое се претвора за време на натпреварите.
Норвежанецот сакаше да ги објасни своите навики кои ги има како напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ја следам играта цело време, а кога ќе дојде шанса морам да сум подготвен. Учествувам во играта, место да стојам во нападот, се движам и следам се што се случува. Тешко може да се објасни тоа, во тие моменти го напуштам своето тело и станувам зомби. Чекам вистински момент да се вклучам и да постигнам гол“, изјави Халанд.
Сезонава Галанд постигна осум гола и додаде уште две асистенции на 11 натпревари за Манчестер Сити. Договорот со „граѓаните“ му има важност до 2027 година.