Дома Фудбал Англија Халанд го пропушта и последниот натпревар на Сити: Роналдо останува на врвот помеѓу голгетерите за 2023 година

Халанд го пропушта и последниот натпревар на Сити: Роналдо останува на врвот помеѓу голгетерите за 2023 година

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд нема да настапи ниту на последниот меч во годината на Манчестер сити откако се повреди на 6 декември.

Халанд сè уште не се рехабилитирал целосно од повредата и нема да заигра против Шефилд јунајтед на гостински терен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ерлинг се чувствува добро, но не тренира со екипата. Се надевам дека во јануари ќе се врати“, кажа Гвардиола.

Норвежанецот има 19 голови и пет асистенции во 22 меча за Манчестер сити во сите натпреварувања.

Неиграњето на Халанд во последниот натпревар од годината значи и дека Кристијано Роналдо дефинитивно ќе биде најдобар голгетер за 2023 година со 53 гола, зад не го се Кејн и Мбапе со 52, Халанд ќе остане на 50. Португалецот има и уште еден натпревар да го подобри учинокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…