Дома Топ вести Хаверц се договорил со Челзи, има еден услов за комплетирање на трансферот

Хаверц се договорил со Челзи, има еден услов за комплетирање на трансферот

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц ги договорил личните услови со Челзи, тврдат англиските медиуми.

Единствен услов за да биде финализиран трансферот е Челзи да осигура место во Лигата на шампиони за следната сезона. Тоа ќе биде сигурно ако „сините“ победат уште на еден од двата натпревари во Премиер лигата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека менаџерот Лампард одиграл клучна улога за тоа Хаверц да ја продолжи кариерата во Челзи.

Од друга страна Челзи е единствениот клуб кој во моментов е спремен да ја плати сумата која ја бара Леверкузен. Изворот тврди дека трансферот ќе изнесува 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…