Дома Фудбал Англија Хаверц призна дека имал проблеми во Челзи

Хаверц призна дека имал проблеми во Челзи

Каи Хаверц призна дека имал проблеми со адаптацијата во Челзи, откако минатото лето пристигна како големо засилување.

21-годишниот Германец пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 71 милион евра, па очекувањата беа големи, но тој не ја започна добро сезоната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Беше многу тешка сезона за мене. Знам дека работите не се развиваат како што треба, но тоа е нормално кога одиш во друга лига. Потребно е половина година и повеќе за да се адаптираш“, изјави Германецот.

„Во моментов работите се одвиваат добро и не сакам да мислам за негативните моменти од минатото. Позитивно сум расположен и се надевам така да биде до крајот на сезоната“, додаде Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…