Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ќе бара одложување на натпреварот Македонија – Косово!

ФФМ ќе бара одложување на натпреварот Македонија – Косово!

Денес донесена е одлука во наредните 30 денови спортските настани да се играат без публика, ова значи дека без публика ќе треба да се одигра и историскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово на 26. март.

Ова не е добра вест поради огромната важност на натпреварот, меѓутоа треба да се разбере дека здравјето е на прво место и присуство на 40.000 луѓе може да доведе до поголем проблем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По оваа одлука се огласи портпаролот на ФФМ, Златко Андовски кој најави дека ќе се обидат да го одложат натпреварот.

„Владата донесе забрана, не препорака и тука нема што да се разговара. На сите кои купиле билет парите ќе им бидат вратени. Во текот на денот ќе испратиме и барање до УЕФА натпреварот да биде одложен затоа што ние имаме тројца репрезентативци кои играат во Серија А. Освен тоа и Косово има играчи кои играат во Италија“, изјави Андовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…