Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ суспендираше уште еден стадион!

ФФМ суспендираше уште еден стадион!

Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече суспензија и за теренеот на Башкими во Куманово поради инцидентот кој се случи по натпреварот со Беласица.

По овој дуел нападнати биле судиите, а на еден од нив му било оштетено и возилото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.  Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, објави ФФМ. 

Ова е трет стадион суспендиран во само една недела, претходно поради инциденти ФФМ забрани своите натпревари на домашен терен да ги играат Тиквеш и Вардар Куманово.

https://youtube.com/watch?v=sMux8N0TIDg%3Fsi%3DwPW5qrypD_GvmQT_%26start%3D8367
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…