
ФФМ денес донесе одлука стартот на македонското фудбалско првенство да биде одложено со цел клубовите да имаат повеќе време за комплетирање на документацијата.
Најавено беше македонското првенство да стартува во првиот викенд од месец август, но во ФФМ одлучија да им остават нешто повеќе време на клубовите да ја комплетираат документацијата, што најмногу и одговара на Беласица која се трансформира во акционерско друштво.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Првата македонска фудбалска лига според новиот термин сега ќе стартува вториот викенд од август односно една недела подоцна од планираното.
И оваа година ќе се игра четирикружен систем со вкупно 36 кола.