Вчера репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар и славеше победа со 2:1 против Словенија.
После овој триумф, претседателот на Словенија Муамед Сејдини го изрази своето задоволство за остварените резултати. Сејдини истакна дека е презадоволен и посака да бидме уште подобри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како мотив за следните натпревари тој ги награди фудбалерите со 100.000 евра.
– Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри, изјави претседателот Сејдини за официјалниот сајт на ФФМ.