Рома и Фулам се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.
Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Фулам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.
„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Фулам, кој е спремен да понуди повеќе.
Премиерлигашот е спремен да ги задоволи финансиските барања на Торино и да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок.