Дома Фудбал Останато Фудбалот во Украина ќе продолжи, а натпреварите ќе се прекинуваат ако има напади

Фудбалот во Украина ќе продолжи, а натпреварите ќе се прекинуваат ако има напади

Без разлика тоа што се уште се води војна на територијата на Украина предводниците на украинскиот фудбал одлучија првенството да стартува на 23. август.

Од кога почна агресијата на Русија на 24. февруари во Украина не се одигра ниту еден фудбалски меч, а како што порача министерот за спорт на Украина датумот на почетокот на првенството не е случајно избран. Станува збор за Денот на државното знаме на Украина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Важно е да се продолжи со фудбалот. Продолжуваме да се бориме и да навиваме. Украинскиот спорт ќе стигне до победата на сите фронтови, ништо не може да го спречи напредокот“, објави министерот Гутсаит.

Сепак, натпреварите ќе се играат без публика.

„Во близина на стадионот ќе има засолништа во случај на воздушна опасност. Значи ако дојде до опасност од воздух натпреварот ќе биде прекинат“, посочи во објаснувањето министерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крсте Велкоски се врати во поранешниот клуб со нова улога

Фудбалскиот клуб Сараево денеска објави дека Крсте Велкоски е новиот технички директор на …