Дома Фудбал Лига на шампиони Фудбалер на Звезда откри што му рекол Милнер во тунелот

Фудбалер на Звезда откри што му рекол Милнер во тунелот

Црвена Звезда синоќа го шокира Ливерпул и го совлада со 2:0 на Маракана, каде имаше околу 50.000 навивачи.

Неверојатната атмосфера на стадионот ги изненади гостите од Англија, кои секоја втора недела играат на Енфилд, но признаа дека вакво нешто до сега не виделе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа го прераскажа фудбалерот на Звезда, Милош Дегенек, кој пред натпреварот кратко позборувал во тунелот со капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер.

„Кога излеговме на теренот, зборував со Милнер и ми рече дека тој и неговите соиграчи никогаш не доживеале нешто слично. Тешко е да се објасни магијата на Маракана, чуството е непроценливо. Чест е да се игра пред ваква публика.“ – изјави Дегенек.

Репрезентативецот на Австралија смета дека Ливерпул ја потценил неговата екипа.

„Играме одлично дома, но во гости примивме десет голови. Мислам дека Ливерпул не потцени, а ние одигравме феноменално и ја заслуживме оваа победа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Револуција во женскиот фудбал: Французинка стана најскапа фудбалерка на сите времиња

Летниот трансфер период во женскиот фудбал донесе нова промена во барањето на високи транс…