Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Јувентус и Аталанта вчера одиграа 1:1 во 12. коло од Серија А. Трагичар за домаќините беше Кристиано Роналдо кој промаши пенал во 61. минута.

Меѓутоа навивачите на Јувентус го критикуваат судењето и сметаат дека Мартин Де Рон требало да биде исклучен во 52. минута за стартот на Хуан Квардадо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Де Рон на Твитер одговори на еден фан на Јувентус и призна дека направил грешка.

„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квардадо“, му напиша еден фан.

„Се сложувам. Задоцнив и бев прегруб. Се надевам дека на сите им е јасно дека тоа не ми беше намерата. Му се извинувам на Квардадо“, одговори Де Рон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гурадиола испрати силна порака до Арсенал, како ќе се соочи со Артета по ова на Емирати?

Оваа сезона Манчестер Сити не личи на тој кој сме навикнати да го гледаме последните некол…