Јувентус уште една сезона во Лигата на шампионите заврши со елиминација во осминафиналето, трета во низа. Пред Виљареал клубот од Торино во оваа фаза беше елиминиран од Лион и Порто.
Против Виљареал Јувентус беше подобар противник 75 минути на теренот, но тогаш се случи еден пад во играта кој Виљареал го искористи и постигна три гола. По натпреварот Данило им се извини на навивачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е Лигата на шампионите, тука се екипи кои играат на високо ниво и не смеете да правите грешки. Мораме да научиме нешто од овој пораз. Во вакви натпревари морате да бидете сконцентрирани до самиот крај, тешко е да разбереме што ни се случи, можеме само да им се извиниме на навивачите“, изјави Данило.
Објаснување за поразот нема ниту Колумбиецот Хуан Квардадо.
„Нема објаснување, фудбалот едноставно е таков понекогаш. Одигравме добро во првото полувреме, но не ги искористивме шансите и тоа влијаеше на нас. Виљареал добро се бранеше и ја чекаше својата шанса. Нокаут фазата секогаш е тешка. Верувам дека следната сезона ќе стигнеме подалеку“, изјави Квардадо.
На Јувентус сега до крајот на сезоната му преостанува борба на домашната сцена во Серија А и Купот на Италија.