Дома Македонски спорт Фудбалерките до 19 години со пресврт до победа против Кипар

Фудбалерките до 19 години со пресврт до победа против Кипар

Женската репрезентација на Македонија до 19 години денес забележа победа со 2:4 против Кипар и тоа со голем пресврт.

Кипар преку Киракиди и Замани набрзина во 21. и 24. минута дојде до предност од 2:0. Македонија до крајот на полувремето преку Николовска успеа да намали на 2:1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во второто полувреме нашите девојки постигнаа три гола. Два беа дело на Викторија Недева, а конечните 2:4 ги постави Велкова. Со оваа победа завршуваме како втори во групата со шест бода, но поради полоша гол разлика од другите втори места нема да влеземе во баражот.

Пред Кипар ги победивме Фарски Остроови и бевме поразени од Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Верaти има нов клуб, но не ја смени земјата

Марко Верaти е нов фудбалер на Ал Духаил. Италијанецот на овој начин ја продолжува кариера…