Дома Фудбал Италија ФС Италија отвори истрага против Парма – на „млекарите“ им се заканува враќање во Серија Б?!

ФС Италија отвори истрага против Парма – на „млекарите“ им се заканува враќање во Серија Б?!

Во Парма утрово останаа во шок откако Фубдалскиот сојуз на Италија потврди дека го истражува натпреварот на овој клуб од последното коло во Серија Б, поради сомневање дека е наместен.

Парма успеа да се избори за враќање во Серија А со победа против Специја од 2:0, но овој натпревар дојде во центарот на вниманието поради соменвањата дека е наместен. ФС Италија потврди дека има неколку сомнителни детали околу тој натпревар и дека Парма може да остане без учеството во Серија А доколку се потврди дека натпреварот бил наместен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, од Парма експресно порачаа дека истрагата ќе покаже дека се „чисти“.

„Начинот на кој сето ова се прави нас не боли бидејќи не се покажува никаква почит. Ние не сакаме да пречиме на истрагата, но моравме да се огласиме. Верувам дека на крај ќе се покаже дека е се чисто бидејќи тоа е единствената вистина. Тоа е само вообичаена постапка поради таквите резултати во последното коло и ние ја почитуваме. Нашата цел е во медиумите да не се пренесуваат погрешни иформации“, порачаа од Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mурињо објасни на сите зошто го нарекуваат „Специјалниот“ – таква почит кон Меси никој не покажал!

Жозе Mурињо за многумина е сѐ уште еден од најдобрите тренери во светот, иако неговата кар…