Дома Фудбал Англија ФОТО: Погледнете како ќе изгледа новата топка во Премиер лигата

ФОТО: Погледнете како ќе изгледа новата топка во Премиер лигата

Американскиот производител на спортска опрема Најк ја подготви топката за новата сезона во Премиер лигата.

Тимовите од Премиер лигата во следната сезона ќе ја користат топката „Најк Ордем 5“, а мора да се признае дека нејзиниот изглед навистина привлекува внимание.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Најк тврдат дека оваа топка има посебен дизајн кој ќе им помогне на напаѓачите да ја испратат топката таму каде што ќе замислат, но е формирана и за голманите да немаат никаков проблем за нејзиното фаќање.

Ордем 5 има одлична адхезија за ракавиците, па секако ќе биде интересно да ги гледаме дуелите во Премиер лигата следната сезона. Оваа топка на продажба ќе биде пуштена на 5. јуни, а на терените во Премиер лигата ќе ја видиме во август, кога ќе започне и новата сезона.

Од создавањето на Премиер лигата користени беа 14 топки, а 12 од нив беа производство на Најк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најави ли ФФМ големо засилување во нападот за баражот со Данска?

Дени Мусовски кој е Македонец кој долги години живее во САД како што стојат работите изгле…