Дома Фудбал Италија ФОТО: Погледнете го новиот дрес на Јувентус со новиот грб

ФОТО: Погледнете го новиот дрес на Јувентус со новиот грб

Клубот кој шест пати по ред е шампион на Италија, Јувентус денеска го промовира дресот за сезоната 2017/2018.

Самиот дрес не има премногу промени, а најголемата разлика во однос на минатата е, секако, новиот грб кој следната сезона ќе ја има својата премиера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новиот дрес на Јувентус е веќе на подажба на официјалниот сајт на клубот, а неговата цена е 89,95 евра за возразни и 69,95 за деца.

Потсетуваме, Јувентус на почетокот на годината го презентираше својот нов грб, кој наиде на многу негативни коментари, но од клубот им порачаа дека ќе им ја отвори вратата за дополнителен пробив на брендот на светскиот пазар.

Така, Јувентус ќе ја има својата модна марка, синџир на хотели, ресторани…, а се очекува и заработката од ова да биде многу повисока за разлика од предтоа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…