Дома Фудбал Останато ФОТО: Ова е најлудата лига во светот, ваква табела сигурно не сте виделе!

ФОТО: Ова е најлудата лига во светот, ваква табела сигурно не сте виделе!

Ова звучи нереално, но кога ќе ја погледнете табелата, ваква лига не постои во светот.

Италијанската Серија Б ја нема судбината за поголем ранг, квалитетот е намален, се гледа дека тимовите кои доаѓаат во елитата имаат многу проблеми и обично брзо се враќаат. Играчите се слабо платени, има премногу екипи, дури 22, често се потресени од слуачи на местенки, но оваа сезона табелата, барем во овој момент е за историја.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, води тимот кој има добиено помалку од половина натпревари, Палермо, испаднаа од Серија А, имаат 5 победи, 6 реми и еден пораз, зависи од головите на нашиот одличен репрезентативец, Несторовски кој остана во клубот. Македонецот , своевремено како Диабала ја подели судбината на „Росонерите“, си заминаа во помал ранг, постигна 8 од 15 гола кои ги постигнаа Сицилијанците.

Но, иако водат, можат да испаднат од лигата. Имено, разликата од првиот до последниот по 12 натпревари е само 11 бода. Може и вака, Тернана која е во зоната на испаѓање има 10 бода помалку од Палермо, а Асколи кој е на местото што значи бараж за опстанок е на само минус седум.

Ова е неверојатна ситуација, единствените тимови кои имаат шест победи во шампионатот се второпласираниот Емболи и четвртопласираниот Бари, но тие имаат четири, односно пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно Фернандеш може да отсуствува околу еден месец

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, може да отсуствува околу еден месец пора…