Дома Фудбал Останато ФОТО: Нејмар во солзи по повредата, објави фотографија од повредениот зглоб

ФОТО: Нејмар во солзи по повредата, објави фотографија од повредениот зглоб

ПСЖ во најголемото дерби од францускиот фудбал со 3:0 го победи Марсеј, но сите во Париз ги загрижи повредата на Нејмар.

Најскапиот фудбалер во историјата во 77. минута го свитка зглобот, по што со солзи на носилки го напушти теренот. Парижаните се загрижени, бидејќи следната недела ги чека реваншот од осмина финалето во ЛШ против Реал, каде што мораат да го надокнат резутатот од 1:3 од првиот натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се разбира дека сум загрижен поради повредата на Нејмар. Неговиот зглоб беше отечен. Тој е важен играч за нас и се надевам дека наскоро ќе се врати“, изјави голманот на ПСЖ, Арелоа, додека тренерот Емери е оптимист кога станува збор за настапот на Нејмар против Реал.

На синоќешните лекарски прегледи не се откриени поголеми оштетувања на зглобот, Нејмар ја напушти болницата, но повторно ќе оди на прегледи денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Столбот во одбраната на Манчестер Сити – Рубен Дијаш, го продолжи договорот со клубо…