Дома Фудбал Англија (ФОТО) (НЕ)доволно за ПЛ – Еве како ќе изгледа составот на Манчестер Сити за следната сезона

(ФОТО) (НЕ)доволно за ПЛ – Еве како ќе изгледа составот на Манчестер Сити за следната сезона

Зад Манчестер Сити е една под просечна сезона, за клуб од нивниот буџет и амбицијата во секој случај е недоволно добра.

Трето место во Премиер лигата и осмина финалето во ЛШ не се доволни достигнувања, а еве како треба да изгледа првиот состав на Сити следната сезона. Клубот од „Етихад“ имаше сезона за заборав, единствена позитивна работа е тоа што изборија директен пласман во ЛШ, така да нема да се оптоваруваат со европските обврски на почеткот на сезоната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот на Пеп Гвардиола ниту во ЛШ не успеа да направи резултат вреден за внимание, подобри од нив беа Монако во осмина финалето. По победата од 5:3 на „Етихад“, која се чинеше за доволна пред вториот натпревар, „Граѓаните“ сепак ја загубија предноста (1:3) и го завршија натпреварувањето поради примените голови во гости.

Ова лето на само 3 играчи потрошија дури 141 милион евра, а на позицијата голман се засилија со бразилскиот голман Едерсон од Бенфика (40 милиони евра).

Сопствениците на Сити не ги жалеа парите, бидејќи нивната позиција голман беше доста проблематична, па во вториот дел од сезоната Клаудио Браво пред голот го замени Вили Кабаљеро.

Бернандо Силва, крилниот напаѓач кој веќе некое време беше на радарот на Сити, се пресели на „Етихад“ за износ од 50 милиони евра. Најновото засилување е Кајл Вокер, десниот бек на Тотенхем и големата желба на најголемите англиски клубови.

51 милион евра мораа да платат на Тотенхем за слободата на англискиот репрезентативен бек, па така Сити пронајде решение за позицијата десен бек, која често мораше да ја покрива и Фернандињо.

Во клубот пристигна и младиот Даглас Луиз, централниот играч за врска, од бразилскиот Васко де Гама, каде што Сити плати 12 милиони евра за транферот.

Ова секако не е крај за активностите на Сити на трансфер пазарот, „Граѓаните“ се во потрага за стопер, бидејќи се чини дека Пеп Гвардиола повеќе не смета на Николас Отаменди, а Џон Стоунс покажа многу киксови, поради што беше преселен на клупата пред крајот на сезоната.

Мета на Сити е Вергилиј ван Дајк од Саутемптон. Исто така, се очекува и доаѓање на левиот бек Бенџамин Менди од Монако. Освен тоа, се се погласни шпекулациите за трансферот на Алексис Санчез на „Етихад“, така да дефинтивно не очекува интересно лето кога Сити, а и Премиер лигата се ставени во прашање.

Еве како би требало да изгледа првиот состав на Сити во изборот на Пеп Гвардиола, со моментално достапните сили:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…