Дома Фудбал Лига на шампиони Фото: На денот на финалето нов гаф на УЕФА!

Фото: На денот на финалето нов гаф на УЕФА!

Уште една грешка во низата.

Во Киев вечерва се игра натпреварот кој љубителите на фудбалот го чекаат целата сезоната – финалето во Лигата на шампионите!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реал Мадрид успеа да освои две титули во низа во Лигата на шампионите, а екипата на Зидан со сите сили сака и трет пат по ред да застане на тронот на Европа. После Атлетико Мадрид и Јувентус, денес ќе играат против Ливерпул.

За „црвените“ ова е прво финале после 11 години и иако не беа главни фаворити за трофејот сепак предводени од неверојатниот Мохамед Салах успеаа да се изборат за финале во Киев.

Oткако неодамна на официјалната страна на УЕФА се појави објава  дека Ливерпул е нов шампион на Европа, што беше причина да се отворат многу теории на заговор. Кога сето тоа се смири утрово настана нова „случајна“ грешка на УЕФА.

Имено во јавноста се појави слика од составите за вечерешниот натпревар. Иако порачаа дека тоа не смеело да се случи и дека не знаат како дошло до овој пропуст од УЕФА објаснија и дека се работело за тест.

Еве како изгледаа составите според УЕФА.

Ливерпул: Кариус, Александар-Арнолд, Ван Дијк, Ловрен, Робертсон, Ванијалдум, Хендерсон, Милнер, Салах, Фирмино, Мане.

Клупа: Мињоле, Клајн, Калаван, Морена, Лалана, Чан, Соланке

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Варан, Рамос, Марсело, Модриќ, Касемиро, Крос, Иско, Роналдо, Бензема

Клупа: Касиља, Начо, Бејл, Васкез, Хакими, Асенсио, Ковачиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…