Паоло Дибала стана препознатлив по својата прослава на погодоците.
Аргентинската ѕвезда од редовите на Јувентус погодоците ги прославува со прекривање на дел од неговото лице, а неодамна и откри од каде му дошла таква идеја и што тоа му значи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Идејата ја добив во 2016 година по завршувањето на натпреварот од Суперкупот против Милан. Промашив пенал и бев лут како рис. По завршувањето на сезоната на одморот го гледав филмот „Гладијатор“ и одлучив следниот гол да го прославам со маска на лицето, така се започна“, откри напаѓачот на „старата дама“
Сега, „Адидас“ промовираше и маска „гладијатор“ посветена на прославата на Дибала.
The Gladiator.
In December 2016, @PauDybala_JR missed a penalty that led to defeat. A moment that required strength through adversity. The mask celebration was born.
Fearless. Ferocious. Faceless.
Head to our Instagram Story, wear the #COPA19 mask. pic.twitter.com/Rt6ePenW39
— adidas Football (@adidasfootball) November 26, 2018