Кога во Бугарија играат големите ривали Левски и ЦСКА, полицијата секогаш има полни раце работа, така беше и на последната нивна пресметка.
Во вчерашниот натпревар кој заврши без победник 2:2 имаше серија на инциденти, а најголем како што пишуваат медиумите во оваа земја е оној кога навивачите на Левски во тунелот под трибините фрлиле бомба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При експлозијата како што може да се види скршени беа и неколку стакла, а ранета била и една припадничка на безбедносните сили на која веднаш и било укажна медицинска помош и префрлена во најблиската болница.
Полицијата веднаш успеала да приведе околу дваесетина лица, а од клубот ја стопираа продажбата на билети за домашните натпревари.
Во инцидентот најмногу настрадало окото на полицијката, но за среќа нема сноси никакви трајни последници.
„Окото нема да биде изгубено, тоа е најважно. Операцијата помина во најдобар ред. Во овој момент не може да се даде проценка какви точно ќе бидат последниците. Очекувањата се да биде задржана во болницата три до шест недели“, соопштија од болницата во која била пренесена полицајката.
Во продолжение погледнете ги и најинтересните моменти од натпреварот кој целосно падна во втор план поради големите инциденти.