Дома Фудбал Англија Фоден втора година во по ред најдобар млад фудбалер во Премиер лигата

Фоден втора година во по ред најдобар млад фудбалер во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата за сезоната 2021/22. Оваа награда Фоден ја дoбива втора година во низа.

Фоден оваа сезона постигна девет гола и додаде уште пет асистенции на 27 одиграни натпревари, а Сити е блиску до освојување на уште една титула во првенството. Сепак, шампионската титула „граѓаните“ ќе треба да ја потврдат во последното коло.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Статистички, Фоден придонесе за својот тим оваа сезона со гол или асистенција на секои 146 минути и тоа е најдобрата статистика за играч до 21 година во лигата помеѓу фудбалерите кои играле повеќе од 500 минути.

„Многу сум горд што ја добивам оваа награда втора година по ред. Задоволен сум од моите настапи оваа сезона и беше одлично што на тој начин придонесов за добрите резултати на тимот. Навистина е голема чест да се освои оваа награда во толку силна конкуренција“, изјави Фоден за веб-страницата на Манчестер Сити.

Во конкуренција за наградата, заедно со Фоден оваа сезона беа Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Тајрик Мичел, Мејсон Маунт, Арон Рамсдејл, Деклан Рајс и Бакјо Сака.

Премиер лигата традиционално секоја сезона доделува награди за најдобар играч на сезоната, најдобар млад играч на сезоната (под 23 години) и најдобар менаџер на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …