Дома Фудбал Останато ФИФА спреми 25 милијарди за два нови турнири!

ФИФА спреми 25 милијарди за два нови турнири!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) има идеја и буџет да организира два нови глобални турнири, под покровителство на Организацијата.

За време на состанокот на Бордот на директори во Кигали, Руанда ќе биде разгледана идејата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за создавање на мини Светско првенство, како и за глобализација на Светското клубско првенство.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Според Инфантино, ФИФА ќе може да обезбеди 25 милијарди долари за двата турнири во период од 12 години, почнувајќи од 2021 година.

Идејата за два нови турнири наидува на сериозен отпор од водечките тимови во Европа и од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Мини шампионатот предвидено е да се одржува на секои две години на кој би учествувале осумте водечки земји, што ќе претставува своевиден финиш на идејата за Лига на нации на секој континент. Турнир треба да се одржува во октомври или ноември.

ФИФА, од своја страна, предвидува укинување на Купот на Конфедерациите.

Ако предлогот на претседателот на ФИФА биде прифатен, Светското клубско првенство ќе се одржува на секои 4 години, со 24 тимови, а не седум, како што е сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…