Дома Фудбал Останато ФИФА одлучи: Оваа година нема да се бира Најдобар фудбалер

ФИФА одлучи: Оваа година нема да се бира Најдобар фудбалер

Светската фудбалска организација одлучи да ја откаже гала свеченоста „The Best“ на која се избираат најдобрите во светот на фудбалот за тековната година. 

Церемонијата за доделување на наградите за најдобри поединци требаше да се одржи во септември во Милано, но тоа нема да се случи поради пандемијата од коронавирус.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Така, никој нема да ја добие наградата за Најдобар играч на светот во селекцијата на ФИФА за 2020 година.

ФИФА продолжи да ги спроведува мерките, како што истакна претседателот Џани Инфантино, а со пандемијата ќе се справува со најголема претпазливост.

Што се однесува до другите поединечни награди, „Франс Фудбал“ сè уште не одлучил што да прави за церемонијата за доделување на наградата „Златна топка“, која се одржува секоја година од 1956 година.

УЕФА треба да ги распредели наградите на крајот на август, кога, како по правило, се одржува ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, но сето тоа може да се премести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…