Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.
Според објаснувањето на светската Федерација, Ето го прекршил ФИФА кодексот според две точки со своите погрдни зборови за противниците и официјалните лица на натпревар на Мундијалот, а во дадениот случај станува збор за осминафиналето меѓу Бразил и Камерун.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Ето со своето некултурно однесување предизвика реакција од дисциплинците, кои денеска соопштија дека Самуел е суспендиран во период од шест месеци.
Тој нема да има право да се појави на ниту еден натпревар за Камерун во било која категорија, или конкуренција, а суспензијата стапува на сила од денеска и ќе трае во наредните 180 денови.