Дома Фудбал Италија Фиорентина го воодушеви светот: Неверојатен гест во чест на Астори

Фиорентина го воодушеви светот: Неверојатен гест во чест на Астори

Давиде Астори трагично почина во 32. годишна возраст, а одличниот гест на Фиорентина е доказ дека поранешниот капитен никогаш нема да биде заборавен и дека неговото име секогаш ќе биде врзано во историјата на клубот.

Фиорентина соопшти дека во сеќавање на починатиот капитен Давиде Астори ќе го промени името на својот тренинг центар, кој од сега ќе го носи името на починатиот играч. Давиде Астори ненадејно почина во сон на 4. март поради срцев удар. Зад себе ја остави својата девојка и двегодишната ќерка.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Капитенит на Виола беше погребан со големи почести од цела Фиренца, а сеќавањето на него нема да биде заборавено, тоа го потврди и претседателот на Фиорентина, Марио Коњини.

„Тренинг центарот повеќе нема да се вика Кампини, туку Спортски центар Давиде Астори. Тоа беше неговиот дом, местото каде што често доаѓаше, понекогаш и со семејството. Ова е само една од првите инциијативи да ја запаметиме таа посебна личност“, изјави Коњини за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид. За отсуството …