Поранешниот голман на Вардар Филип Гачевски би можел да направи трансфер во Турција.
Гачевски во овој момент брани во Кипар во екипата на Енозис која испадна во втората лига во ова првенство. Сега според турските медиуми интерес за македонскиот голман покажал Коачелиспор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се наведува дека трансферот е блиску до реализација, меѓутоа се додава дека и Бурсаспор покажала интерес. Коачилспор игра во турската втора лига.
Во редовите на Енозис Гачевски пристигна минатото лето после распадот на Вардар, претходно пет години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб.