Денес Фудбалската Федерација на Македонија објави дека повеќе нема билети за натпреварот Македонија – Косово. Арената беше распродадена за само пет дена од пуштањето на влезниците во продажба.
Меѓутоа се уште не е сигурно дали на 26. март ќе гледаме спекатакл, затоа што постои можност натпреварот да се игра без публика поради коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче испрати препорка овој натпревар да се игра без публика. Тој потенцира дека ова е меѓународен натпревар и затоа опасноста за ширење на коронавирусот е поголема.
„За конкретниот натпревар, јас сметам дека треба да се игра без публика. Ние треба да бидеме внимателни бидејќи на такви натпревари ќе има гости од странство. Ќе повторам, немаме локална трансмисија и тоа е добро. Тој спортски настан е покасно од 20. Март. Забраната за публика во овој момент е до 13. март. Со оглед на тоа како се одвива ситуација ќе донесеме друга препорака“, изјави денес Филипче.
Ако Владата испрати препорака натпреварот да се игра без публика тогаш ФФМ во договор со УЕФА ќе ја донесе конечната одлука дали натпреварот ќе се игра со публика.
Моментот кога Филипче зборува за натпреварот е на 9:00 од видеото.