Двајцата Португалци, Кристиано Роналдо и Луис Фиго се помеѓу бројните спортисти и познати личности кои искажаа сочуство и жалење за трагичната смрт на Коби Брајант.
После падот на хеликоптерот Коби заедно со неговата ќерка и уште седум лица го загуби животот. Од него со емотивни статуси се простија Роналдо и Фиго.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, објавите на Роналдо и Фиго се издвојуваат од другите затоа што се буквално исто.
Статусот на Роналдо е објавен три часа пред оној на Фиго, па јасно е дека Фиго го ископирал својот сонародник. Сепак, постои можност и иста агенција да се грижи за нивните друштвени мрежи.
Во вакви моменти секако најважна е намерата, меѓутоа дел од јавноста испрати критики.