Дома Фудбал Останато Фиго за враќањето на „Ноу Камп“: Кон мене се фрлаше со се и сешто, а јас земав шише Кока-Кола

Фиго за враќањето на „Ноу Камп“: Кон мене се фрлаше со се и сешто, а јас земав шише Кока-Кола

Навивачите на Барселона на Луис Фиго никогаш не му го простија трансферот во Реал Мадрид.

Португалецот во 2000 година се одлучи за голем трансфер, а кога се врати на „Ноу Камп“ доби бурен пречек. Поради Фиго на теренот се најдоа разни предмети.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секој корнер кој ќе го изведеше правеше проблем. Публиката фрлаше кон него со се и сешто, а Фиго тврди дека во тој момент тој направил еден маркетиншки потег.

„Бев задолжен за изведувањето корнери и бев фокусиран. Сакав својата работа да ја завршам професионално, но во одредени моменти кон мене летаа разни предмети. Тоа не можам да ви го опишам затоа што не се сеќавам на се. Се сеќавам на една ситуација. Кока-Кола во тоа време ми беше спонзор, видов шише на тревникот и го земав како да снимам реклама. Наредниот ден во весниците видов дека кон мене се фрлало со виски, свински глави…Со што уште не“, изјави Фиго.

За Барселона Фиго одигра 249 натпревари и постигна 45 голови, а за Реал на 239 натпревари запиша 57 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…