Меѓународната автомобилска федерација нема дополнително да го санкционира Себастијан Фетел кој во текот на трката за ГН на Азербеџан во Баку намерно го удри болидот на Луис Хамилтон.
Фетел во текот на трката во Баку, намерно го удри болидот на Хамилтон во време кога безбедносното возило се наоѓаше на стазата, што е забрането. Германецот е казнет со 10 секунди, но сепак трката ја заврши на четвртата позиција пред Хамилтон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германецот по трката го обвини Хамилтон дека намерно закочил и ги тестирал кочниците на него. Меѓутоа, според податоците од болидот на Хамилтон, утврдено е дека Хамилтон сепак не постапувал според обвиненијата.
ФИА наведе во соопштението дека Фетел ја прифатил одговорноста и искрено се извинил пред широкото мотоспортско семејство. Четирикратниот светски шампион ќе учествува дополнително и на низа едукативни активности во текот на шампионатот.
Федерацијата го предупреди Фетел дека во случај да го повтори ваквото однесување, ќе замине под истрага на меѓународниот ФИА суд.
Хамилтон за време и по трката во Баку истакна дека казната за неговиот колега од 10 секунди не е доволна, а неговото однесување го протоклува како „одвратно“, „опасно“ и „срамно“.