Бaрселона во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“ го победи Ливерпул со 3:0.
Каталонците славеа со убедливи 3:0 и стигнаа на чекор од финалето, но впечаток е дека резултатот е превисок со оглед на она што двете екипи го покажаа на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе отколку за самиот натпревар денес се зборува за Лионел Меси кој направи уште едно свое шоу. Аргентинецот прво во 75-тата минута донесе водство на Барселона од 2:0, а потоа со маестрален слободар во 82-та минута ги постави конечните 3:0.
Пофалби за Меси пристигнуваат од бројни фудбалски имиња, а еден од нив беше Рио Фердинанд кој денес работи како стручен консултант во „БТ Спорт“.
„Феноменален играч, има буквално се и тој е еден од најдобрите на сите времиња. Можеби и најдобар. Чест ми е што сум сведок на неговата игра и што ќе можам на моите деца да им зборувам за играта на Меси. Тој може да го одлучи натпреварот кога ќе посака“, изјави поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.
За учинокот на Меси зборуваше и Ернесто Валверде.
„Меси секогаш не изненадува. Слободниот удар беше од голема одалеченост и не знаев дали ќе шутира кон голот. Не знам како го прави тоа, но секогаш му успева и блеснува кога е најпотребно“, изјави Валверде.