Некои ќе се сложат, а некои не, дали Сер Алекс навистиан го „намести“ својот сонардоник, мислењата се поделени. Но, она што Венгер би можел да го остави надледство изгледа навистина страшно…
Голем број од фановите на Манчестер Јунајтед веруваат дека Фергусон по заминувањето на Мојс му оставил веќе истрошен тим. Мојс не се задржа многу, пристигна Ван Гал кој се жалеше дека тимот бил престар, демотивиран и целосно истрошен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо на тие тврдења само се насмеа и додаде дека би бил задоволен Сер Алекс да му оставил фудбалери какви што се Видиќ и Евра, со што директно ги обвини Мојс и Ван Гал дека не се дораснати за клупата на Манчестер Јунајтед.
Сега со она што се соочи Манчестер Јунајтед го чека Арсенал, а ситуацијата би можела да биде и полоша.
Имено, година или две, сеедно, Арсен Венгер ќе биде минато. И додека шпекулациите за негово заминување се нешто потивки, многумина веруваат дека човекот кој ќе го наследи Венгер ќе наследи вистински „крш“.
Имено, Арсенал би можел да остане без Санчез, Озил, Чемберлејн веројатно ќе замине и ова лето, а најверојатно клубот во иднина би го напуштиле Рамзи, Волкот, Велбек и голманот Чех.
Разбирливо, Санти Казорла поради повреда е веќе заборавен, времето на Жиру поминува, меѓутоа проблемот е што сите ќе заминат бесплатно или за мала сума. Венгер не е задоволен ниту од Мустафи кој би можел да премине во Интер.
Сетоа многу ќе ја отежни работата на клубот кој не ќе може да троши стотина милиони евра како Јунајтед, а приказните дека ќе дојдат фудбалери од младинската школа никој не ги сфаќа сериозно.
Токму поради тоа многумина се сомневаат дека некој „топ“ тренер би ја прифатил работата во Арсенал, а некои од имињата како Масимилијано Алегри или Диего Симеоне во овој момент звучат како научна фантастика.