Дома Фудбал Италија Фелипе Мело: Мартинез е напаѓач за иднината

Фелипе Мело: Мартинез е напаѓач за иднината

Поранешниот фудбалер на Интер верува дека Лаутаро Мартинез е напаѓач за иднината, и тоа дека е подобар играч од Лукаку.

Лукаку му помогна на Мартинез оваа сезона да го покаже она што го знае најдобро, а во досегашниот дел од сезоната постигна 16 погодоци и запиша четири асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ги следам игрите на Лаутаро. Ме потсетува на Габриел Жесус, кој многу работи без топка, но и постигнува многу погодоци.“ – изјави Мело и додаде:

„Тој е напаѓач за иднината. Има 22 години, а веќе постигнува многу голови. Напаѓачот секогаш мора да постигнува многу голови.“

Останува да видиме дали Мартинез ќе остане во Интер или на крајот ќе заврши во Барселона која сериозно се интересира за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србите фаќаат сеир на РТС: Звезда загуби, но за нив славела победа! (Фото)

Добро позната е анегдотата од 2010 година, кога Северна Кореја ја имаше својата историска,…