Дома Фудбал Англија ФА ја одби жалбата на Ливерпул: Сепак ќе следува санкција за Мане

ФА ја одби жалбата на Ливерпул: Сепак ќе следува санкција за Мане

Англискиот фудбалски сојуз ја одби жалбата за Ливерпул за суспензијата која ја заработи Садио Мане.

Челниците на Ливерпул бараа да биде намалена суспензијата за сенегалскиот репрезрнтативец од три натпревари неиграње, но жалбата е одбиена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мане така ќе ги пропушти првенствените натпревари пртив Барнли и Лестер, и уште еден против Лестер во рамки на Лига Купот.

Сенегалецот суспензијата ја заработи откако на дуелот против Манчестер Сити невнимателно го удри во глава противничкиот голман Едерсон, на кого осум минути му беше укажувана помош на теренот.

За среќа, Едерсон не е сериозно повреден и во конкуренција е за дуелот против Фејнорд во рамки на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб –…