Дома Фудбал Англија Фановите во „транс“: Ибра започнува преговори за нов договор

Фановите во „транс“: Ибра започнува преговори за нов договор

Одамна му предвидуваа крај на кариерата, но Ибра само се насмеа и после седум месеци пауза поради тешката повреда на коленото се врати во тимот на Манчестер Јуанајтед.

Сега англиските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ наскоро ќе започне преговори со раководството на „црвените ѓаволи“ за продолжување на договорот на уште една година.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Швеѓанецот кон крајот на август потпиша договор со Јунајтед, но истиот истекува на крајот на актуелната сезона, па се очекуваше Ибра следното лето да се пресели во САД.
Меѓутоа, „Сан“ тврди дека Игра и Мурињо постигнале согласност после Нова година да седнат на маса и да започнат преговори за продолжување на соработката.

Ибра има голема желба да ја освои титулата во Премиер лигата, а Мурињо неодамна изјави дека според него Швеѓанецот може да игра до 40 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Продолжува агонијата на Пакета – одложено е сослушувањето!

Предолго трае аферата околу фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, а сега е јасно дека тој …