Дома Останати Тенис Фаворитите без проблеми:Мареј и Федерер во четвртфиналето на Вимблдон

Фаворитите без проблеми:Мареј и Федерер во четвртфиналето на Вимблдон

Енди Мареј во осминафиналето на турнирот на кој е бранител на трофејот славеше против Пер со 3:0 во сетови.

Неговиот следен противник е Американецот, Сем Квери кој по голема битка со 3:2 во сетови триумфираше над Кевин Андерсон.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ лесно и убедливо со 3:0 во сетови славеше над Роберто Баутиста- Агуто од Шпанија.Следниот противник во следната рунда ќе биде победникот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Милер.

Чешкиот тенисер пак славеше над Австриецот Тим и го чека својот противник по дуелот помеѓу, Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарин.

Роџер Федерер пак, беше далеку поуспешен против Бугаринот, Григор Димитров со 3:0 во сетови, а во следната фаза ќе се соочи против подобриот од дуелот помеѓу Милош Раониќ и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…